Второто „корона“ коло во Бундес лигата продолжува денеска со нови пет натпревари од кои најатрактивно е соочувањето на Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен.

Суелот на третиот и петиот на табелата во елиатата на Германија може да даде одговор на тоа кој од овие два тима има поголема желба и квалитет за пласман во ЛШ на УЕФА за следната сезона.

Во истиот термин од 15:30 ќе се играат и пресметките: Фрајбург- Вердер Бремен, Падерборн – Хофенхајм, и Волфзбург – Борусија Дортмунд. Во терминот од 18:30 Баерн Минхен го дочекува А.Франкфурт.

Вчеравечер во воведната пресметка од 27 коло, Херта го декласираше Унион Берлин со 4:0.