Бундеслигата воведува строги правила за играчите, карантин за сите клубови, кој ќе започне на почетокот ос следниот месец, поточно на 3 мај-понеделник.

Целта е да нема несакани последици и голем број на заразени во финишот на сезоната, карантинот значи дека играчите ќе можат да се движат на релација дома на тренинг, и повторно дома.

Од 12. мај сите  екипи во Германија ќе мора да се изолираат  во „балон“,ќе има ограничени излегувања сѐ до завршувањето на сезоната на 22 мај.

Македонија има само еден играч во Бундеслигата, Дарко Чурлинов кој е репрезентативец во селекцијата до 21 година, настапува за Штутгарт.