Шест клуба од долниот дел во Премиерлигата нема да прифатат сезоната да се доигра на неутрален терен, може но само под еден услов.

Норич, Ватфорд, Астон Вила, Брајтон, Борнмут и Вест Хем нема да прифатат сезоната да се одигра на неутрален терен, ќе се сложат на ваква одлука само ако нема испаѓање!

Утре клубовите од Премиерлигата и раководството ќе одржат состанок на кој треба да се дискутира за актуелната ситуација, барањето на шесте клуба од долниот дел на табелата е на маса, не сакаат да има испаѓање од лигата.

На овој состанок ќе присуствуваат и претставниците на телевизиите кои емитуваат преноси од Премиерлигата, се бара решение за актуелната ситуација, распределбата на финансиите, следните чекори…