Лорен Кошелни одбил да патува со Арсенал на турнеја низ САД, соопштено е денес на клубскиот сајт.

Капитенот не се појави на собирот, иако требало да ја предводи екипата.

Од клубот во соопштението навеле дека Французинот одбил да патува и се многу разочарани од неговото однесување кое е спротивно на јасните инструкции кои ги добил од управата.

Медиумите шпекулираат дека искусниот стопер јасно ставил до знаење дека сака да ја прекине соработката со клубот.

Против него ќе биде покрената дисциплинска постапка, му следи и суспензија, но и парична казна.