Јувентус вчера застана зад својот тренер Андреа Пирло. Тој ќе го води тимот до крајот на сезоната и покрај тешкиот пораз од 3:0 на домашен терен од Милан во текот на минатиов викенд.

Јуветнсу така падна на петтата позиција, сериозно во прашање е доведен пласманот во Лигата на шампионите, а клубот тоа може да го чини 90 милиони евра. Во клубот во моментов владее паника, посебно во водечките структури во раководството.

Спортскиот директор Фабио Паратичи сакал веднаш да му се даде отказ на Пирло, а на преостанатите три меча Јувентус да го води Игор Тудор. Според него поранешниот хрватски дефанзивец би дошол како шок терапија за играчите.

Меѓутоа со тоа не се сложил потпретседателот Павел Недвед. Паратичи и Недвед жестоко се карале на паркинг околу целата ситуација. Паратичи барал бркање на Пирло, но Недвед на своја страна го имал еден до директорите на клубот Федерико Черубини, а потоа и претседателот Андреа Ањели. После тоа Јувентус објави поддршка за Пирло во финишот на сезоната.

Но, повеќе од јасно е дека Пирло ќе заработи отказ по крајот на сезоната.