Цел тим на Јувентус е ставен во карантин, можеби има и заразени.

Се работи за комплетниот младински тим на Јувентус, кој настапува во Серија „Ц“ и кој на 23 февруари се сретна со екипата на Пјанезе, која ја совлада со 1:0.

Но, на 28 февруари кај тројца фудбалери и еден раководител на Пјанезе се констатирани непобитни симптоми на коронавирусот.

Раководството на Јувентус веднаш ги прекина тренинзите на младинската екипа и комплетна ја смести во карантин.

Во изминатите шест дена кај ниту еден нема симптоми на болеста, но потребни се уште осум дена за да бидат сигурни.