Играчите на Манчестер Јунајтед избегаа од хотелот во шпанското гратче Марбела, каде ги одработуваат мини-подготовките за продолжување на сезоната.

Избегаа во паника, откако дознаа дека непосредно пред нив во хотелот беше сместена екипата на богатиот кинески прволигаш Далиан Џифанг, кој го предводи легендарниот Рафаел Бенитез.

Челниците на Манчестер Јунајтед се исплашија од можноста да се заразат со коронавирусот, кој владее во Кина.

Манчестер Јунајтед подоцна се смести во друг, побезбеден хотел.