Во Италија се повеќе кружат информациите дека Јувентус е подготвен да го врати Масимилијано Алегри на местото тренер, откако експериментот со дебитантот Андреа Пирло не успеа. Јувентус сега се бори за пласман во Лигата на шампионите откако девет години по ред го освојуваа Скудетото и сосем е извесно дека торинскиот клуб ќе го менува тренерот, сметаат Италијаните.

Алегри така би се вратил по две години во кои беше без работа. Јувентус на Алегри му се заблагодари по пет титули во пет сезони и одлучи да го доведе Маурицио Сари од Челзи, како би играле поатрактивен фудбал.

Сари тоа не успеа да го постигне и по една година беше избркан, а потоа Андреа Ањели, Фабио Паратичи и Павел Недвед одлучија истото да го побараат и од Пирло.

Алегри бара големи промени

За Пирло првото тренерско искусно не испадна сосем успешно. Сега Јувентус сака да го врати тренерот кој ги однесе до две финалиња во Лигата на шампионите.

Неговото враќање би значело реконструкција на тимот. Газета Дело Спорт пишува дека Алегри ќе бара револуција, која не ја доби пролетта 2019 година.

Се смета дека Алегри ќе го извлече најдоброто од младите играчи како Матијс Де Лихт, Федерико Киеза, Дејан Кулушевски, како што тоа порано го правеше во Јувентус со Алваро Мората, Кингсли Коман и Мојс Кин.

Италијанските медиуми пишуваат дека Алегри би бил среќен ако во тимот и понатаму го има Родриго Бентанкур, а не би имал ништо против продажби на Адриен Рабио и Арон Ремзи.

Средниот ред би го засилил со Мануел Локатели од Сасуоло, а на Бразилецот Артур Мело би му доделил природната позиција на плејмејкер.

Алегри би го продал Роналдо?

Евентуалното враќање на Алегри би го наговорило и капитенот Џорџо Киелини да остане уште една година во Торино. Италијанскиот стопер почна да размислува за заминување во МЛС, меѓутоа би сакал повторно да соработува со Алегри.

Алегри клучевите од нападот би му ги доделил на Пауло Дибала. Околу него би го градел тимот, а Кристијано Роналдо радо би го пуштил да замине, пишуваат италијанските медиуми. Пред две години токму Роналдо кажа дека Роналдо му нарушува концепцијата на игра и дека би било добро да го продадат. Тоа меѓу другото го чинеше и работа.