Пандемијата со коронавирусот има сериозно влијание по планетарниот фудбал. Додека сите се во очекување на развојот на состојбата со Ковид-19, спортските аналитичари направија проценка за тоа колку финансиски загуби може клубовите да претрпат ако за помалку од два месеци не продолжат првенствата во ТОП 5 лигите од Европа.

Проценките се дека цената на играчите ќе падне за 28% или од 32.7 милијарди евра ќе изнесува 23,4 милијарди евра.

Најголеми загуби ќе претрпат најбогатите, на Манчестер Сити му се предвидува минус од 412 милиони евра,  на Барселона од 366 милиони евра, Ливерпул би загубил 353 милиони евра.

За пример е земен Пол Погба од Манчестер Јунајтед кој во моментов вреди 65 милиони евра а неговата цена би паднала на 35 милиони евра на трансфер пазарот.