Летното засилување на Интер, Хакан Чалханоглу постигна гол од корнер во победата над Рома од 3:0, запиша и една асистенција.

По мечот тој беше еден од најзаслужните за големата победа а во изјава за медиумите од Италија, посочи дека ништо не било случајно.

„Точно е, сакав да постигнам гол од корнер, секогаш барам агало за првата статива и овојпат се заврши како што треба. Ова беше одлична претстава, доминиравме.“ – вели Чалханоглу.