Барселона загуби со 2:0 на гостувањето кај Гранада и по пет кола во Ла Лига има само седум бодови, што е најлош старт за каталонците во последните 25 години.

Поради тоа сè погласни се најавите дека тренерот Ернесто Валверде ќе добие отказ. Како еден од главните фаворити за негов наследник на клупата се споменува легендата на клубот, Чави Ернандез.

„Не знам, иако не би имал проблем да ги тренирам поранешните соиграчи, знам какви се Меси, Суарез, Бускетс, Алба, Пике… Знам како тренираат и какви им се можностите и можам да проценам дали се лути или тажни. Се надевам дека во текот на кариерата ќе имам играчи кои веќе ги познавам .“– вели Чави.

Чави во моментот работи во Ал Сад во Катар, идентично како неговиот поранешен тренер Пеп Гвардиола, а по првите три меча Чави и Ал Сад остварија три победи.