Потрагата по тренер на Барселона, пред отказот за Валверде, можеше многу лесно да заврши кај Чави Ернандез, поранешната легенда на Барселона и сегашен тренер на Ал Саад.

Челниците на Барселона разговараа со него, но до договор сепак не дојде.

Сега станаа познати деталите од тие преговори.

Така, Cadena Ser и El Laguero, независно еден од друг, тврдат дека Чави го прифати понуденото тренерско место, но имал дури 6 свои услови: да почне со работа во јуни, да има целосна контрола над сите трансфери, Карлес Пујол и Џорди Кројф да му бидат во тренерскиот штаб, посебно тренерско место за својот брат Оскар, да биде вратен на работа директорот на академијата Жоан Вила. промена на директорот на медицинската служба на Барселона.

Овие услови му беа пренесени на претседателот на Барселона, Бартомеу, кој многу се зачуди и нареди да престанат преговорите. Најспорен беше почетокот на работата, затоашто Бартомеу инсистираше Чави веднаш да ја преземе Барселона, а не од јуни.

Сето тоа заврши со назначувањето на Кике Сетјен за тренер на каталонскиот гигант.