Легендарниот Чави поради позитивен тест на коронавирус нема да може да го предводи Ал Сад на денешниот натпревар против Ал Кор со кој започнува рестартот на катарското првенство.

Чави ќе мора да биде дома седум дена, во случај да нема влошена здравствена слика ќе биде повторно тестиран а потоа евентуално ќе добие шанса да му се врати на фудбалот.

Катарското првенство е во прекин од март поради пандемијата со Ковид-19. Денеска сезоната продолжува со натпревари од 18 коло.