Каталонски „Спорт“ ексклузивно открива дека легендата на Баселона, Чави пристигнал во Барслелона на одмор.

Сепак истиот извор открива дека Чави не е само на одмор во Барселона туку започнува преговори со „каталонскиот“  великан за наследник на Роналд Куман.

Според каталонското радио РАЦ1, челниците на Барселона се одлучни во намерата да му дадат отказ на Куман по завршување на сезоната иако Холанѓанецот има уште една година од договор.

Прв избор на Лапорта е токму легендата на клубот, Чави кој пак неодамна го продолжи договорот со Ал Сад до 2023 година.

Лапорта е близок со Чави и верува дека ќе може да го убеди да седне на кормилото на каталонскиот гигант и дека ќе му даде одврзани раце при трансферите.

Како што е познато уште пред Куман, Чави се поврзуваше со Барселона, но тогаш тој изјави дека се уште му е рано да тренира тим каков што е Барселона.