Чави  ќе го комплетира првиот преоден рок во јануари како тренер на Барселона. Свесен е дека мора да го засили тимот за да може да се бори за трофеи, а една од главните цели му е да донесе нов напаѓач.

Каталонски Спорт пишува дека Чави ќе го земе алжирскиот напаѓач Багдад Бунеџа. Тој е фудбалер на Ал Сад, катарскиот клуб од кој Чави неодамна пристигна во Барселона. Чави е добро запознаен со можностите на алжирскиот напаѓач кој минатата сезона беше најдобар стрелец во лигата и кој оваа сезона постигна дури 11 гола за 705 минути на теренот.

Бунеџа, 29-годишниот Алжирец, никогаш не играл во Европа. Првите четири професионални сезони ги помина во татковината, а следните две во Тунис. Тој е во Ал Сад од 2015 година.

За Алжир одигра 46 натпревари и постигна 22 гола