Легендатата на Барселона и тренер на Ал Сад, Чави Хернандез, пристигна во Барселона каде во следниве десетина дена ќе биде на одмор.

„Не знам ништо за шпекулациите и преговорите со Лапорта. Јас сум тука на одмор, Не сакам да кажам ништо повеќе, тука сум за да одморам со семејстовото.“ – вели Чави.

Медиумите од Шпанија најавија дека Лапорта веќе се обидел да стапи со Чави и дека во следните неколку денови ќе се убеди да го презеде кормилото од Куман кој е пред отказ.