Поранешниот фудбалер на Барселона, Чави јавно побара од управата на клубот добро да размисли пред да се обиде да ги купи Обамејанг или Мане.

„Мане и Обамејанг може да ве уништат во празен простор, но на Барселона и се потребни играчи кои се снаодливи на мал простор. Мислам на играчите кои можат да се адаптираат на стилот на игра на Барса. Како што беше Ето или како што е Суарез.“ – изјави Чави

Напаѓачите на Ливерпул и на Арсенал ова лето се поврзуват со трансфер во Барселона каде можно е во новата сезона на клупата да седне Чави.