Неколку пати во последните години Чави беше кандидат за тренер на Барселона, но каталонскиот клуб секогаш  се одлучувал за поискусен тренер.

И ова лето многумина сметаа дека Чави ќе го наследи Роналд Куман, тренерот кој минатата сезона имаше лоши резултати во Барселона. Сепак, челниците на каталонскиот клуб одлучија да му дадат шанса на Куман и следната сезона.

„Јас сум секогаш на пазарот“, рече Чави, кој помина 17 години од својата играчка кариера во Барселона, а сега е тренер на катарскиот Ал Сад.

“Сепак, во последните три до четири месеци немав контакт со раководството на Барселона или со претседателот Жоан Лапорта. Тие одлучија да продолжат со Куман и му посакувам се најдобро на клубот”.

Чави не крие дека би сакал да стане тренер на Барселона.

“Мислам дека сум подготвен за Барселона. Го познавам клубот, атмосферата, околината. Сепак, Куман е сеуште тренер и тоа мора да се почитува”.