Претседателот на УЕФА, Алекданр Чеферин испрати порака до клубовите кои се организатори на новонајавената Суперлига.

Тој тврди дека себичноста мора да се замени со солидарност, а парите не смеат да бидат поважни од величенственоста која ја носи оваа игра и страста која владее меѓу навивачите.

„Господа направивме голема грешка. Некој ќе рече дека сте алчни, друг дека сте арогантни. Се уште има време да се предомислите, секој прави грешки.“ – вели Чеферин.

Дополнително Чеферин даде објаснување за тоа што му треба да фудбалскиот свет, поконкретно за тоа што се случува во Европа.

„Фудбалот не му припаѓа на никого, поточно тој е на сите, затоа што фудбалот е дел од нашето културно наследство. Натпреварувањата на УЕФА имаат потреба од тимови како што се Аталанта, Селтик, Ренџерс, Галатасарај. Потребни ни се тие клубови, за луѓето да знаат дека се е возможно. Секој има шанса за победа.“ – вели Чеферин.