Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во интервју за медиум од Словенија, истакна дека е разочаран што некои клубови сакаа да го срушат единството во фудбалска Европа, едно е да си наивен, друго е кога сте лажго, рече предводникот на европската куќа на фудбалот.

Словенецот откри дел од деталите на Суперлигата која засега згасна, најмалку е разочаран од Барселона поради фактот што овој гигант од неодамна е со ново раководство.

„Лапорта од неодамна е претседател на Барселона, разговаравме неколку пати, беше под притисок поради очајната финансиска ситуација. Денес еден клуб ми го испрати распоредот на натпревари во Суперлигата, прв впечаток беше дека само Реал Мадрид и Јувентус играат секоја недела, некој сакал да ги фаворизира, наскоро ќе откриеме уште вести“ – изјави Чеферин.