Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ги образложи моменталните позиции и можните санкции по клубовите кои решија да бидат дел од Суперлигата.

По најавата дека Реал Мадрид ќе биде суспендиран од ЛШ а во очекување на полуфиналниот двомеч со Челси, Чеферин посочи дека мали се шансите овој двомеч да не биде одигран.

„Важно е дека оваа сезона е во тек, па не смееме да им направиме проблеми на ТВ куќите кои ги откупија правата за пресно на завршницата од ЛШ. Поради ова мали се шансите овој натпревар меѓу Реал Мадрид и Челси да не се одигра како што беше планирано за следната седмица.“ – изјави Чеферин.

Првиот човек на УЕФА исто така посочи дека Перез сака претседател кој ќе го слуша, и во основа тука лежи најголемиот проблем на реалција Реал Мадрид – УЕФА.