Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, зборувајќи околу улогата на Ед Вудвард и неговата улога околу формирањето на Суперлигата, попладнево даде интересна изјава.

„24 години бев  адвокат, но никогаш не сум видел луѓе како него“, истакна Чеферин.

Тој се надоврза и на неговиот кум, Андреа Ањели, инаку сопственик на Јувентус.

„Не сакам да зборувам премногу за Андреа Ањели, тој е едно од моите најголеми разочарувања. Пред една недела ми кажа дека Суперлигата е само една голема приказна и притоа очигледно ме излажа“, додаде Чеферин.

„Можеби треба да бидеме претпазливи и да знаеме дека има змии помеѓу нас“, заклучи првиот човек на УЕФА.