Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин очекува 80% од националните фудбалски првенства во Европа да се доиграат по прекинот поради коронавирусот.

Чеферин е оптимист дека ќе има завршница и во Лигата на шампионите и Европа лигата, разочаран е дека Лига 1  означи крај.

„Ситуацијата е вонредна и ние не се преправаме дека не е така. Се однесуваме одговорно, средствата од Фер-плеј профрамата ќе ги распределиме на еден поинаков начин, очекувам 80% од националните првенства да се доиграат како и завршницата во ЛШ и ЕЛ“-изјави за Беин Спорт претседателот на УЕФА.