УЕФА одлучи да го промени системот за натпреварување на Европското првенство за млади

Претседателот Александар Чеферин ја информираше јавноста дека наредното У21 првенство ќе има 16 тима кои ќе бидат поделени во четири групи со по четири тима.

„Веќе некое време размислуваме 16 тимови да настапат на финалниот турнир и тоа ќе го промениме веќе од следното натпреварување. Тоа е најдоброто решение, бидејќи ова што се случи во Италија не смее да се повтори.“ – изјави Чеферин.