Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин уште еднаш го потврди ставот дека оние клубови кои се уште не потврдиле дека остануваат верни на претходно договореното и засега не демантираат официјално дека нема да бидат дел од Суперлигата ќе се соочат со сакнцкии.

„Иако Суперлигата заврши брзо, поради заминувањето на поголемиот дел од тимовите, Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан се уште не го напуштија проектот официјално. Поради ова може да има последици по нивната иднина. Тие треба да се одлучат дали ќе играат во Суперлигата ило во европските лиги на УЕФА. Не може да бидат и таму и ваму.“ – вели Чеферин.

Неофицијално, овие четири клубови се уште тактизирааат затоа што веруваат дека проектот Суперлига не е „мртов“.