Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин призна дека не сака да има никакви контакти со Владата на Словенија во која работат негативци бидејќи се примитивни.

Чеферин во интервју за „Дневник“ од Словенија потенцираше дека со Владата на Словенија нема никакви контакти, таму работат примитивци.

„Драго ми е што со тие луѓе таму во Владата речиси и да немам контакти, јас сакав да им помогнам во ова време на криза, но тие се однесуваа непријателски и примитивно. Тие треба да престанат со срамната реторика од пред 70 години, со обвинувањата и да престанат да бараат непријатели каде ги нема“ – изјави Чеферин.

Претседателот на УЕФА потенцираше дека оваа моќна фудбалска организација ќе излезе уште посилна од оваа криза, националните федерации со нивна помош ќе ги пребродат овие тешки моменти во кои се наоѓа фудбалот.

Инаку Чеферин е поранешен претседател на фудбалската федерација на Словенија и адвокат по професија.