Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ги предупреди фудбалските клубови и федерации на не брзаат како што тоа го направија во Франција и во Белгија.

Тие што ќе се одлучат да ги поништат сезоните поради пандемијата од Ковид-19, ќе се соочат со забрана за настап во натпреварувањата на УЕФА.

„Никој не сака да биде обележан како неодговорен. Не постои такво нешто како нула-ризик. Имаме конкретен план за сезоната во Европа, мислам дека сите повеќете првенства сакаат да ги доиграат сезоните, секако тоа е нивен избор, оние кои ќе ги поништат нема да има место во квалификациите за натпреварувањата на УЕФА. Одлуката  на Французите според мене беше избрзана. Го направија тоа без да не консултираат. Секако дека ќе има последици по целокупниот процес. Најважно е здравјето а ние мора да сме подготвени на сите сценарија.“ – изјави Чеферин.

Според ова, ПСЖ како шампион на Фрацнија не би требало да добие шанса во ЛШ за следната сезона, дали ќе биде ова вака или Чеферин ќе се предомисли ќе видиме.