Претседателот на УЕФА е разочаран од првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели, тврди дека тој го уверувал дека Суперлигата е само измислена работа, но бил дрско излажан.

За Чеферин, претседателот на Јувентус е големо разочарување, имал ветување дека нема ништо од формирање на Суперлигата.

„Не сакам да зборувам премногу за Андреа Ањели, тој е едно од моите најголеми разочарувања. Пред една недела ми кажа дека Суперлигата е само една голема приказна и притоа очигледно ме излажа, ваков човек не сум сретнал во животот. Сите играчи кои ќе играат во оваа лига ќе бидат суспендирани и нема да играат на светско и европско првенство“ – изјави Чеферин.