Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за англиските медиуми, говореше за Суперлигата која според него не постои, таа е жива само за три клуба кои се соочуваат со пенали.

Чеферин за „Дејли Мирор“ изјави дека Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, се клубовите кои сè уште се надеваат дека Суперлигата ќе функционира, најави казни и санкции, и изјави дека УЕФА ќе има милост кон англиските клубови.

„Има разлика кога некој ќе признае дека згрешил, имаше и несогласување во групата од 12-те клубови, Англичаните се повлекоа, ја признаа грешката, ние тоа ќе го имаме в предвидистиот важи и за останатите клубови кои се повлекоа веднаш, но Реал, Барселона и Јувентус мислат дека Земјата е рамна и дека Суперлигата и натаму постои, секој ќе одговара за своите постапки“ – изјави Чеферин.