Александер Чеферин потврди дека ЕУРО 2020 ќе се игра според планот, следното лето и дека клупските натпреварувања како ЛШ и ЛЕ се во планот за следните месеци.

Сезоната во дел од националните првенства беше поништена, како на пример во Франција а тоа за Чеферин значи проблем, но и покрај ова, првиот човек на Европската фудбалска асицијација останува со позитивен став.

„Не знам кога и како се ќе се развива но знам дека овој вирус не може да трае вечно. Мислам дека многу работи наскоро ќе се променат. Ова е сериозна ситуација и мора да бидеме внимателни, но јас сум по природа оптимист. Подготвени сме да ги следим инструкциите на властите, верувам дека стариот фудбал со навивачи на трибините ќе се врати наскоро.“ – изјави Чеферин.

Првиот човек на УЕФА се свесен дека цените на трансфер пазарот и на договорите на играчите со клубовите ќе се променат но тоа не смее да биде генерален проблем за фудбалот да продолжи да ги радува луѓето кои го сакаат.