Манчестер Сити е домаќин на Челси во дербито на 13 коло во Премиер лигата.  Франк Лампард посакува прекин на традицијата против шампионот кој во мометнов е на осум бода негатива во однос на Ливерпул.

Без Лапорт, Сане и Бернардо Силва, фудбалерите предводени од Пеп Гвардиола ќе мора да победат ако сакаат да останат во игра за одбрана на круната. Во случај на пораз денеска, „Граѓаните“ ќе останат на четвртото место на табелата.

Челси игра неверојатно, има шест победи во низа во Премиер лигата. Лампард денеска ќе комбинира без Рудигер, Лофтус Чик додека Пулишиќ и Баркли можно е да настапат но прашањето е колку минути ќе можат да издржат на секога тешкото гостување во Манчестер.

Челси последен пат славеше на „Етихад“ на 3 декември 2016 со 3:1 со головите на Коста, Вилиан и Азар.