Според „Спортиталиа“, три клуба се во трка за потписот на Доменико Берарди, репрезентативецот на Италија и член на Сасуоло е интересен за Челси, Борусија Дортмунд и Вест Хем.

Крилниот напаѓач на Сасуоло импресионираше на ЕУРО, следниот месец ќе наполни 27 години, Челси, Борусија Дортмунд и Вест Хем се клубовите кои покажаа интерес за Берарди.

Челси е во прв план за Берарди, ова само во случај ако не успее да го купи Халанд од Борусија Дортмунд.