Франк Лампард веќе остварил првичен контакт со плејмејкерот на Баер Леверкузен Каи Хаверц во однос на трансфер во ова лето.

Според островските медиуми, Челси е фаворит во трката за Хаверц за кој сериозен интерес има и од Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Во меѓувреме медиумите во Германија тврдат дека Хаверц може да заврши и во Баерн Минхен.

Леверкузен за младиот офанзивец бара околу 80 милиони евра.