Менаџерот на Челси, Франк Лампард сака да ги договори засилувањата пред крајот на сезоната и особено пред ЕУРО 2020.

По ангажманот на Хаким Зијеч од Ајакс, „Сините“ и официјални ги започнале преговорите со Борусија Дортмунд околу евентуалениот ангажман на Џејдон Санчо. Неофицијално Челси е подготвен да плати 60 милиони евра за репрезентативецот на Англија додека Борусија за него бара 120 милиони евра.

За Санчи постои интерес и од Манчестер Јунајтед, Ливеерпул, ПСЖ и од Реал Мадрид.

Во меѓувреме од Италија тврдат дека Челси е во пол позиција за  купувањето на Весино од Интер за 28 милиони евра. Весино и во јануари се поврзуваше со преселба во Англија но тоа не се реализираше поради висината на трансфер оштетата.