Според, медиумите во Холандија, Челси и Ајакс постигнаа договор за трансфер на фудбалерот на холандскиот гигант, Хаким Зијех, кој треба во Лондон да пристигне наредното лето.

26-годишниот Мароканец заедно со Душан Тадиќ се главната оска на Ајакс во последните две сезони, па овој трансфер и не е некое изненадување. Трансферот ќе изнесува 50.милиони евра.

Менаџерот на „сините“ Франк Лампард од поодамна беше во потрага по креативец, а во Зијех го доби тоа. Мароканцот сезонава има 21 асистенција со што е убедливо најдобар асистент во најдобрите Европски првенства.