Реал Мадрид и Челси сe договорија за хрватскиот фудбалер, Матео Ковачиќ откако лондонскиот клуб ја искористи опцијата да го откупи комплетно неговиот договор од кралскиот клуб.

Според информациите, Челси за Ковачиќ на Реал Мадрид ќе плати сума од 40 милиони фунти,додека хрватскиот репрезентативец со клубот од Лондон ќе потпише пет годишен договор.