Лондонски Челси е крајно заинтересиран за крилниот напаѓач на Порто, Хесус Корона, тврди неговиот агент Матиас Бунге.

„Разогваравме со Челси, но не можам да тврдам дали Хесус за нив е опција А. Б или Ц. Мораме да почекаме и да видиме во кој правец се ќе се одвива. Можам само да кажам дека Хесус е свесен за интересот кој го имаат големите клубови од Премиерлигата“-изјави Бунге.

Корона има договор со Порто до 2022.година, а неговата откупна клаузула изнесува 30.милиони евра. Мексиканецот сезонава забележа 17 асистенции во дресот на португалскиот гигант.