Неверојатни бројки на Роман Абрамовиќ и Челси, на трансфер пазарот од сезоната 2000/01 до денес клубот од Лондон потроши неверојатни 2,16 милијарди евра за купување на 471 играч.

Доколку успеат да се договорат со Атлетико Мадрид за Јан Облак, на оваа сума ќе придодат уште 130 милиони евра.

Челси е клубот кој најмногу потрошил во овој период во Европа, зад клубот од Лондон е Реал Мадрид со 2.14 милијарди евра, Барселона на третото место со 2,06 милијарди.