Крилниот напаѓач на Англија и Борусија Дортмунд, Џедон Санчо е една од најголемите трансфер желби на гигантите од Англија, Манчестер Јунајтед и Челси.

Сепак, спортскиот директор на „милионерите“, Мајкл Зорк, тврди дека до овој момент сеуште нема официјални понуди за Санчо, но е свесен дека веќе на лето Санчо би можел да го напушти „Вестфален“.

Санчо игра во импресивна сезонава во Бундес-лигата, а во последниот меч против Унион Берлин се запиша во листата на стрелци и влезе во историјата како прв играч во Бундес Лигата, кој постигнал 25 голови пред својот 20-ти роденден.