Познато е дека клубовите од Премиерлигата се големи трошаџии, на десетина дена пред крајот на трансфер периодот ова лето, Арсенал е клубот од Англија кој потроши најмногу пари.

Арсенал за пет играчи вкупно потроши 147 милиони фунти, а најмногу плати за  Бен Вајт од Брајтон за 50 милиони фунти.

Манчестер Сити  е втор со  над 115 милиони фунти, следуваат Јунајтед со 113 милиони и Челси со 104 милиони фунти.