Најдобриот стрелец во историјата на англискиот фудбалски клуб Челси, Франк Лампард, ќе биде нов менаџер на оваа екипа и со тимот од Лондон ќе потпише договор до 2022 година.

Сопственикот Роман Абрамович ги договорил сите детали со Лампард, а останува уште двата клуба да ја договорат отштетата по што ќе биде официјализирано враќањето на еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот од Лондон.