Манчестер Јунајтед не успеал да се договори со Ангел Гомес за продолжувањена договорот откако агентот на 19 годишниот плејмејкер ја одбил и третата понуда од „Олд Трафорд“.

Младинскиот репрезентативец на Англија не верува дека има иднина во Манчестер Јунајтед а од 1 јули е слободен играч, во случај да не се предомисли и да потпише нов договор.

Островските медиуми тврдат дека Гомес одбил неделна плата од 30 000 фунти но преферира да остане во Премиер лигата. Челси сега бил пред договор со Гомес за кој интерес покажаа и Барселона, Интер и Борусија Дортмунд.