Младиот 23 годишен напаѓач на Челси, Тами Абрахам може да го промени клубот ова лето само доколку некој од заинтересираните плати 40 милиони фунти.

Ова е одлуката на управата на „Сините“ откако Абрахам побарал да биде ставен на трансфер листата.

За неговите услуги сериозен интерес има од Арсенал, но и од Тотенхем во случај Кејн да го напушти клубот до крајот на летниот преоден рок.

Абрахам е незадоволен од статусот во Челси и бара итна преселба во екипа каде ќе добива поголема шанса.