Бразилскиот напаѓач на Челзи, Вилиан, одби да го продолжи договорот со Челзи, пишува UOL Esporte.

Според овој извор, Челзи му понуди нов двегодишен договор, кој тој глатко го одби. Неговиот сегашен договор важи до 30 јуни оваа година, а за неговите услуги моментално најзаинтересиран е Јувентус.

Вилиан во Челзи дојде во 2013 година од Анжи за 35 милиони евра. Оваа сезона креативецот настапи на 36 средби на Челзи во сите натпреварувања и постигна 6 голови, а запиша и 5 асистенции.