Томас Тухел најверојатно ќе остане без Кунде, откако централениот дефанзивец не добил дозвола за трансфер во Лондон од управата на Севиља.

Шпанскиот прволигаш за Кунде бара 80 милиони евра, сума која е преголема за Челси во овој момент. Челси го продаде Зума во Вест Хем за 30 милиони евра и очекуваше да го добие Кунде за 50 милиони евра.

Кунде веќе се согласи да се пресели во Челси за договор до јуни 2026 година. Според „Марка“ шансите за трансфер се сведени на теоретски.