Челси се откажа од фудбалерот на Сасуло, Џереми Бога, кој за 8.милиони евра требаше да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

Сепак, сините од Лондон се откажаа од интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска, па оваа ситуација ќе се обиде да ја искористи Јувентус. Тој треба да биде евентуална замена за Даглас Коста чија иднина е неизвесна во Торино.

„Старата дама“ со ова може да му ги помрси сметките на Наполи кои беа блиску до потпис со Бога, но „братскиот“ однос меѓу Јуве и Сасуоло ги става „наполитанците“ во подредена ситуација околу трансферот на Бога.