Екипата на Челси, тргнува во борба по  напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, откако понудата на ПСЖ од 50.милиони евра беше одбиена.

Фудбалерот оваа сезона ја мина на позајмица во тимот на „светците“ и постигна 20 гола на 31 натпревар. Аргентинецот има  клаузула од 70 милиони евра, кои ПСЖ се обиде да ги намали на 50 плус 10 милиони во од бонуси.

Англиски „Sun“ тврди дека Челзи исто така влегува во трка за 27-годишниот интернационалец од Аргентина, кого е желба на тимови и како Јувентус и Наполи.