Челси е домаќин на Манчестер Јунајтед во дербито на 26 коло од Премиер лигата. Томас Тухел најави дека онаа елиминација од „Ѓаволите“ кога го предводеше ПСЖ во ЛШ е најтешкиот пораз во неговата кариера и посакува спортска одмазда денеска на „Стенфорд Бриџ“.

Последен пат Челси  го совлада Јунајтед во Премиер лигата на 19 мај 2018 година, оттогаш па навака овие два тима се судрија уште пет пати во елитата на Англија, Јунајтед победи два пати а три мечеви завршија нерешено.

Натпреварот, Челси – Јунајтед се игра од 17-30 часот, домаќините имаат шест бода помалку од гостите.