Франк Лампард ја загубил во целост довербата во Кепа Аризабалага и ова лето ќе се обиде да донесе нов голман во Челси.Според островските медиуми, изборот паднал на голманот на Борусија Дортмунд, Роман Бурки.

Бурки има уште една година од договорот со „Милионерите“ и сеуште нема одлучено дали сака да остане во Дортмунд.

Аризабалага е на продажба но засега никој не е заинтересиран да плати 60 милиони евра, сума која ја бараат „сините“ за голманот кој го наследи Тибо Куртоа на „Стенфорд Бриџ“.

Предходно Челси се поврзуваше со трансфер на Мануел Ноер од Баерн Минхен и со Јан ОБлак од Атлетико Мадрид.