„Еден од најголемите играчи во нашата историја за време на неговата долга кариера, Франк Лампард се врати во Стемфорд Бриџ потпишувајќи три годишен договор.“ – вака Челзи официјално го објави враќањето на Лампард во клубот, овој пат како прв тренер.
Четириесет и едно годишниот Лампард изјави дека е горд на враќањето во клубот како главен тренер.
„Сите ја знаат мојата љубов кон клубот и историјата која ја споделуваме. Мојот фокус сега е работата и подготовката за сезоната која претстои. Тука сум да работам напорно, да донесам успех за клубот и едвај чекам да започнам.“ – изјави Лампард.
Директорката на Челзи Марина Грановскаиа истакна дека Франк поседува знаење и разбирање за клубот и покажал дека е еден од најталентираните млади тренери.
HE’S HOME! 🙌
Frank Lampard is the new Chelsea head coach!
#WelcomeHomeFrank— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 4, 2019
Be the first to write a comment.